21:31 - 18 декември, 2025

(ВИДЕО) Пријателот на Џони Деп се расплака на судењето: Не е фер тоа што му го направи сопругата, го уништи

Пријателот на Џони Деп, Исак Барух, се расплакал во судот додека зборувал дека наводите за семејно насилство на поранешната сопруга на актерот, Амбер Херд се злонамерни и лажни и дека откако се рашириле низ светот му го уништиле животот.

За време на неговото сведочење, поротата слушнала дека Барух живеел бесплатно во стан во сопственост на Деп помеѓу 2013 и 2016 година, кој се наоѓал веднаш до друг пентхаус во кој живееле актерот и Амбер, пишува Sky News.

Барух дал живописно сведоштво кое повремено предизвикувало смеа кај присутните во судницата, вклучувајќи ги и Деп и Амбер. Но, тој станал емотивен кога го прашале дали е лут на актерката.

– Не сум лут на никого. Ѝ посакувам се најдобро, да преземе одговорност, да оздраве и да продолжи понатаму… За Џони неговото семејство е целосно уништено од сите тие работи и не е … не е фер … не е во ред тоа што таа го направи и што се засегнати толку многу луѓе, не е нормално како се случи тоа – одговорил тој.

(ВИДЕО) По нападите за сексуално насилство, Џони Деп одговори со видео снимки од Амбер и нејзините љубовници, Џејмс Франко и Илон Маск

Кога го прашале што мисли за Амбер, Барух рекол дека сопругата на неговиот пријател е одлична и дека ја сака.

– Се вљубив во неа исто како Џони. Таа е полна со почит. Се однесуваше кон мене со целосна почит и беше многу забавна. Постојано ми нудеше храна и пиење кога одев кај нив – изјавил тој и додал дека Деп и Херд се сакале од првиот ден, дека никогаш не видел насилство и дека пред него се скарале само два пати.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....