6.6 C
Скопје
03:54 - 1 април, 2026

Видео порака на Манчевски: „Синот на еден режисер доби поголеми државни финансии за еден филм, отколку јас за сите мои филмови заедно“

Со видео порака насловена „Непотизам и економија“, а снимена за меѓународната конференција „Скопски економски и финансиски форум – СЕФФ“, познатиот македонски режисер Милчо Манчевски  проговори за економските состојби во Македонија, одливот на мозоци од земјата и личното патешествие за поддршка од Македонија за неговите филмови кои секаде низ светот ја промовираа земјата.

„Во 1978 бев првенец на генерација и сирак. Бев најдобар студент во мојата генерација. Моите родители починаа кога бев дете. Сакав да правам филмови но ги немав потребните врски за филмска кариера. Обично децата на етаблирани филмаџии и децата на политичари имаат шанса да учат во филмска школа или да бидат финансирани од државата“ – објаснува Манчевски и вели дека тој не добил стипендија, а добил син на познат кинематограф.

„Трипати заминував од Македонија и трипати се враќав, донесов знаење, финансии и желба да помогнам. Но, многумина заминуваат не само поради желбата за повисока заработувачка туку и поради подобри услови за живот, за почист воздух и ефикасно судство, на места каде не мораш да бидеш нечиј син или ќерка за да имаш работа и пристоен живот“ рече Манчевски.

Понатаму, зборувајќи за непотизмот, Манчевски вели „Сите мои филмови добија помалку пари од македонската влада отколку синовите на македонски режисери, на шефови на полицијата, на поранешни портпароли на владата“.

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....