07:57 - 1 февруари, 2026

(Видео) Опра Винфри им помага на евакуираните од пожарот на Хаваи: На прашање на новинар, остана без зборови

Голем шумски пожар ги зафати Хаваи, илјадници луѓе се евакуирани, а како што изјави гувернерот Џош Грин, неизбежно е да има и жртви.

Пожарите се закануваат да ги уништат Хаваите, а бидејќи во вакви ситуации секоја помош е од големо значење, познатата водителка Опра Винфри, која поседува и земјиште таму, реши да им помогне на луѓето кои изгубиле се.

Таа го посетила прифатилиштето каде се евакуираат луѓето, а на новинарското прашање – како се чувствува, останала без зборови.

Потоа славната водителка рече: „Многу сум им благодарна на сите луѓе за нивната поддршка. Многу луѓе носат сè што можат и прават сè што можат. Дојдов порано за да видам што им треба на луѓето. Потоа отидов во продавница бидејќи луѓето обично донираат облека, а тоа не е она што е  најпотребно. Затоа отидов да купам перници, ќебиња, шампони, пелени…“

Претходно, многумина на социјалните мрежи ја повикаа Опра да им помогне на жртвите на Мауи. Покрај познатата водителка, недвижен имот на островот поседуваат и Џеф Безос, Лери Елисон, Клинт Иствуд и Стивен Тајлер.

Потсетуваме, во вторникот вечерта во Мауи избувнаа најмалку три големи пожари, отсекувајќи ја западната страна на островот и историскиот град Лахаина, каде што беа уништени или оштетени најмалку 271 градба. Најмалку 53 лица загинаа.

 

Слични објави

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.
Се вчитува....