14:12 - 11 ноември, 2026

(Видео) „Ништо не ми се допаѓа, ниту текстот, ниту видеото…“: Весна Змијанац распали по дуетот на зетот Реља со Наташа Беквалац

Пејачката Весна Змијанац ја коментираше песната „Немир“ и спотот што го снимија Реља Поповиќ и Наташа Беквалац.

Инаку, српскиот музичар Реља е сопруг на ќерката на Весна Змијанац, Николија.

Пејачката Наташа Беквалац неодамна сними песна и спот со Реља Поповиќ. Во прашање е дуетската песна „Немир“ која доби бројни прегледи и коментари на социјалните мрежи, во кои се наведува дека соработката е „полн погодок“ и дека е забележлива хемијата помеѓу изведувачите.

– Мене не ми се допаѓа песната. Мислам дека тие тоа го можат многу подобро. Тој има многу подобри балади и дуети. Ништо не ми се допаѓа, ниту текстот, ниту мелодијата, ниту спотот. Не се опуштени – рекла Весна Змијанац и истакнала дека е „без влакна на јазикот“ и кога е во прашање кариерата на нејзината ќерка Николија.

– Секогаш сум искрена. Мене Николија секогаш ме залажува, мене нејзиното секогаш ми се допаѓа на почетокот, секоја песна што ја снима, јас ѝ велам: „Ова ми се допаѓа“, а всушност не е така, туку ми е интересен нејзиниот стил – рекла Весна за ќерката Николија.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....