08:18 - 4 април, 2026

(Видео) Ника Тошиќ се облече од милионскиот гардеробер на Карлеуша! Прескапо палто, скапоцен накит…

Ника Тошиќ преку својот профил на Тикток се пофали дека многу позајмува работи од скапиот гардеробер на нејзината мајка, музичката поп дива Јелена Карлеуша.

Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Ника Тошиќ е многу популарна на социјалните мрежи.

Откако почнала со средно училиште, Ника редовно споделува интересни видеа на кои покажува како се подготвува за училиште, а сега одлучила да позајми палто од скапиот плакар на мајка си, совршена за ноемвриските денови.

– Јакната на мајка ми, ланчето исто така таа ми го купи, ги носам и нејзините хеланки – рекла Ника во видеото, а потоа додала:

– И да, мајка ми ми ја направи фризурата.

 

@frnotnikaNapokon je petak♬ original sound – Nika


Видеото на Ника досега е прегледано повеќе од милион пати, а коментарите постојано се нижат.

„Замисли го имаш гардероберот на Јелена Карлеуша…“, „Леле Ника, дојде време да ги носиш работите на мајка ти“, „Преслатка си, твојата мајка е богата жена“ и други.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша неодамна се разведе од Душко Тошиќ, по 17 години заеднички живот. Старателството на ќерките Атина и Ника ѝ припадна на Јелена, а таткото ќе може непречено да поминува време со нив кога и да посака.

– Имам многу добро воспитани ќерки. Тие се добри девојчиња, одлични ученички. Ника се снима за ТикТок, многу е духовита и паметна, но мајка ѝ ја воспитала добро и не морам да се грижам дали ќе употреби некој погрешен збор – се пофалила Јелена неодамна на ТВ Прва.

 

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....