24.8 C
Скопје
10:13 - 1 јуни, 2026

(Видео) Не може да ја прифати: Ана Винтур пак ѝ удри игнор на Ким Кардашијан

Британската модна дизајнерка и пејачка Викторија Бекам ја претстави својата колекција пролет/лето за 2024 година на спектакуларна ревија во рамки на Модната недела во Париз.

Меѓу познатите личности кои присуствуваа на овој настан беа и главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, и ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians“ – Ким Кардашијан.

Познато е дека Винтур не е најголем обожавател на модниот стил на Кардашијан, а својот воздржан став кон неа го задржала и во оваа прилика.


Имено, корисниците на социјалните медиуми забележаа дека уредничката на „Вог“ не ја поздравила Кардашијан, кога таа пристигнала на ревијата, а дел од нив коментираа и дека, наводно, Винтур го сменила своето место на седење, само за да не биде покрај ѕвездата на реалните шоуа.

Сепак, подоцна било потврдено дека двете го проследиле шоуто – една од друга.

Инаку, Ким Кардашијан пристигна на ревијата на Викторија Бекам во друштво на нејзината мајка, Крис Џенер, и партнерот на мајка ѝ, Кори Гембл.

Како потсетување, Модната недела во Париз започна на 25 септември, а завршува утре.

(Фото) Ким Кардашијан е во врска со НФЛ ѕвезда: Еве кој згоден спортист ѝ е љубовен интерес

Слични објави

„Немавме бања, греевме вода за да се избањаме“ – Рада Манојловиќ проговори за детството

Е.А.

(Фото) Секси бикини и скапо вино — Јована Стојменовиќ ужива за сите пари

Еспресо

Хороскоп за 1 јуни: Јарците ќе остварат нови познанства, Рибите ќе имаат мирен ден на работа

apostolova

(Фото) Вељко Ражнатовиќ сподели неодолив семеен момент – неговите синови позираа прегрнати на Калемегдан

Еспресо

Гога Секулиќ завршила во гипс – пејачката доживеала незгода пред настап, еве како се чувствува

Еспресо

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....