10:03 - 27 ноември, 2026

(Видео) Мики Секуловски без конкуренција: Македонскиот претставник го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Мики Секуловски имаше уште еден настап за паметење во последната епизода на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Македонскиот претставник го воодушеви жирито и очекувано освои шест гласа.

Секуловски за прв пат се претстави пред публиката и жирито со она што е неговата најсилна страна – оперското пеење. Ана Бекута воодушевено го коментираше настапот на пејачот, истакнувајќи дека особено ѝ се допаднала неговата изведба на песната „Рујна зора“.

– Овде навистина може да се види јасна разлика. Немам што посебно да објаснам овде, освен што вечерва се истакна Мики Секуловски. „Рујна зора“, првпат слушам ваква интерпретација и пристап кон песната, три стила, рок, поп и слично – рекла таа.

Презадоволен од настапот на Мики беше и Саша Поповиќ, кој по излагањето на Бекута му постави прашање.

– Мики, кога станува збор за оперскиот жанр, дали тоа заврши или ? – прашал Поповиќ.

– Завршив академија за оперско пеење – одговорил Мики, по што имаше громогласен аплауз.

Неговата менторка беше најзадоволна. Цеца гордо додаде: „Ќе ви подготвиме уште изненадувања. Нема да ги отвориме сите асови што ги имаме вечерва“.

Ѓорѓе Давид најголемите пофалби ги имаше за Мики, а и Босанац истакна дека е големо освежување во шоуто. И Вики истакна дека тој е без конкуренција.

„Многу е веќе кажано. Само ќе кажам дека Мики е надвор од конкуренција, феноменален, фантастичен, браво“, потенцирала Миљковиќ.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....