10.8 C
Скопје
01:22 - 4 април, 2026

(Видео) Мик Џегер го прослави 80. роденден со поранешната сопруга и сегашната вереница

Легендарниот британски рок музичар, актер, продуцент и постојан вокал на рок групата Ролинг Стоунс Мик Џегер го прослави својот 80-ти роденден споделувајќи ја прославата со својата поранешна сопруга, 67-годишната Џери Хол, која ја нарекуваа љубовта на неговиот живот, и со неговата сегашна свршеница, 36-годишната Мелани Хемрик, пишува Дејли Меил.

Друштвото се собрало во ноќниот клуб Chelsea Embargo Republica. Џери на прославата дошла  заедно со нејзините ќерки Џорџија и Елизабет. Да му честита на својот татко дошла и најстарата ќерка, 51-годишната Џејд.

Мелани изгледаше неверојатно во црн проѕирен фустан од тантела со црна долна облека одоздола. Двојката го има шестгодишниот син Деверо, кој е многу сличен на неговиот познат татко рокер.

Џери, која беше во врска со Мик вкупно 22 години, изгледаше елегантно во кафеав фустан со едно рамо, кој го украси со шал обвиткан преку нејзините раменици.

Мик го прослави својот роденден со огромна забава исполнета со холивудски ѕвезди и музички легенди. Меѓу гостите беа неговиот колега од бендот Ролинг Стоунс, Рони Вуд, актерот Леонардо ди Каприо, музичарот Лени Кравиц, Ема Вејмут – Маркионес, Дафне Гинис, Либерти Рос и Џими Ајовин, Џемима Кан, Леа Вуд и многу други ѕвезди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melanie Hamrick (@melhamrick)

Славеникот за оваа прилика носеше темно зелен костум, кој го искомбинира со црна сатенска кошула со точки. Изгледот го дополни со црни патики и шал.

Претходно Џегер им се заблагодари на фановите на социјалната мрежа за честитките објавувајќи фотографија од фотографот Марк Селигер. На неа, тој позира во бордо сатенски костум над кафеава кошула со точки и со очила за сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mick Jagger (@mickjagger)

 

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....