15:38 - 1 април, 2026

(Видео) Лудо се забавува! Јована Јеремиќ ужива во Шпанија, друштво ѝ прави познат бизнисмен

Српската водителка Јована Јеремиќ со својата ќерка, внуката, бизнисменот Жељко Ристиќ и неговото семејство ужива во Шпанија, во градот Аликанте.

По смртта на нејзиниот татко, водителката ги спакува куферите и отпатува на море со ќерката Леа и внуката Милица.

По тешкиот животен период, Јована Јеремиќ одлучи да го земе животот во свои раце и максимално да ужива во секој нов ден. На овој одмор, друштво ѝ прават бизнисменот Жељко Рстиќ и неговата сопруга Мирјана.

Овој познат заводник, на кого „паднаа“ многу пејачки, се смири покрај Мирјана, со која пред шест години ја доби ќерката Николета, а има и две деца од првиот брак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)


Водителката е блиска со брачниот пар Рстиќ, а нивното пријателство се зацврстило кога на Јована ѝ било најтешко. Затоа решиле да го поминат одморот заедно и на плажите на Шпанија да го слават животот.

На видеото што Јована го објави на социјалната мрежа Инстаграм, може да се види дека тие лудо се забавуваат, дури и во автомобилот на пат кон плажа, додека во позадина свири песната од Теа Таировиќ.

Познато е дека најголема поддршка на Јовани во најтешките моменти ѝ беше нејзиниот поранешен сопруг, Војсилав Милошевиќ, кој неодамна раскина со девојката, Бразилката Наталија. По разводот од Јована, врските на Воја биле краткотрајни, поради што сите мислат дека дури и до ден-денес не може да ја преболи огнената водителка.

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....