13:48 - 1 април, 2026

(Видео) Лепа Брена во солзи: Се расплака додека пееше со Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ ги воодушеви фановите во Бугарија на нејзиниот голем солистички концерт. Кон крајот на концертот, на сцената ѝ се придружи и специјалната гостинка Лепа Брена, па заедно во дует ја испеаја песната на Брена „Ја немам други дом“.

Брена и Драгана прво се прегрнаа на сцената како стари пријателки, а потоа ѝ се обратија на публиката:
– Ѝ благодарам на мојата најдрага Брена што секогаш беше со мене, кога сме најдобро, но и кога не сме најдобро. Секогаш сме тука една за друга – рече Драгана.

– Имаме за вас една песна која многу ја сакаме. Кога почнавме, а таа оди вака… – рече Брена држејќи ја за рака Драгана. Понесена од емоции Брена заплака на крајот од песната.

Инаку, Драгана непосредно пред почетокот на концертот отишла кај Брена позади сцената за да се поздрави и да ѝ посака успешен настап во Бугарија.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....