8.8 C
Скопје
10:33 - 30 март, 2026

(Видео) Кучката Сила со три новородени кутриња спасени од урнатините во Турција еден месец по земјотресите: Под урнатините нашле вреќа со храна за кучиња

Сопственикот на кучката Сила (двегодишен доберман) бил изненаден кога видел не едно туку четири кучиња како излегуваат од урнатините на зграда во јужната турска провинција Хатај, 28 дена откако земјотресите го опустошија регионот.

Кадир Кејфли рече дека побарал помош од локалните спасувачки тимови да го извлече неговото куче од урнатините, но никој не успеал да влезе во урнатините.

Регионален тим за спасување животни, му пришол на помош во понеделникот. По повеќечасовна работа, успеале да стигнат до подрумот каде што била заробена Сила – и виделе дека таа не само што преживеала речиси еден месец, туку и родила три кученца.

“Што пиеше овде? Што јадеше? Како роди три кутриња?” прашува еден спасувач на видеото снимено во моментот кога стигнале до Сила.

Работниците се гледаат како поминуваат низ тесен отвор меѓу урнатините, а потоа отвораат дупка во вратата за да пристапат до просторијата во подрумот, која се чини дека претрпела мала штета.

„Моите кучиња излегуваат после еден месец. Фала му на Бога“, извикува Кејфли во видеото што го сподели Мејако. Кејфли рече дека Сила преживеала и се породила благодарение на големата кеса со храна за кучиња која била оставена во подрумот.

Сила и нејзините кутриња биле однесени на лекување во блискиот град Адана. Спасувачите забележале дека мајката изгледала слабо, но освен тоа одела без помош.

Бројот на загинати во Турција и Сирија од земјотресите од минатиот месец достигна 52.000.

 

Слични објави

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо
Се вчитува....