7.8 C
Скопје
21:18 - 31 март, 2026

(Видео) Кевин Спејси ја освои првата награда по скандалот со сексуално вознемирување: „Оној кој живее од филмот е навистина бесмртен“

Актерот Кевин Спејси доби награда за креативни достигнувања и животно дело од Националниот музеј на кинематографијата на Италија.

Ова е прва награда што актерот ја доби по скандалот со сексуално вознемирување и малтретирање на малолетни момчиња.

„Вечерва сме сведоци на враќањето на Кевин Спејси… Оној кој живее благодарение на филмот е навистина бесмртен и токму на оваа личност ја доделуваме нашата награда вечерва“, рече Виторио Сгарби, заменик-министер за култура на Италија, врачувјќи му ја наградата.

Спејси, од своја страна, му се заблагодари на Музејот за храброста.

Минатиот ноември беше објавено дека Кевин Спејси потпишал договор да глуми во нов филм насловен „Контрола“. Улогата ќе му биде прва работа откако почнаа судските спорови.

Потсетуваме дека на крајот на 2022 година, повторно беа покренати обвинувања за сексуално насилство против Спејси. На судското рочиште актерот се изјасни за невин.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....