8.8 C
Скопје
22:21 - 10 април, 2026

(Видео) Ќерката на Петар Грашо ја испеа хит песната „Ако те питају“: Малата Алба ги разнежни сите

Хрватскиот пејач Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ пред две години ја добија ќерката Алба. А, неодамна пејачот откри дека нивното семејство ќе се прошири за уште еден член и дека овој пат ќе биде момче.

Пејачот ја разнежни јавноста откако објави слатко видео во кое неговата двегодишна ќерка Алба ја пее неговата песна „Ако те питају“.

Имено, на видеото може да се види како Грашо го мести микрофонот за да може Алба да пее, а тој свири на пијано. Малото девојче потоа почнува да го пее големиот хит заедно со нејзиниот татко, кој се насмевна и ја бакна својата ќерка.

„Најдобар подарок за детето е кога знае дека верувате во него“, напиша пејачот во опис на видеото кое веднаш го освои интернетот.

Инаку, парот се венчаше во февруари 2022 година во Сплит, а истата година ја добија ќерката Алба. Петар и неговата сопруга Хана, која е 14 години помлада, наскоро ќе добијат второ дете.

@petargraso76

♬ original sound – Petar Grašo

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....