8.8 C
Скопје
22:43 - 10 април, 2026

(Видео) Какво изненадување за Анастасија Ражнатовиќ! Срциња, балони… еве што ја чекало во луксузниот хотел во Дубаи

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, која пред неколку дена беше на славата Свети Никола во нивниот дом во Белград, заедно со мајка си и братот, ги спакува куферите и замина за Дубаи.

Анастасија заминала во Обединетите Арапски Емирати со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, а во луксузниот хотел во кој престојувале ги чекало спектакуларно изненадување.

 

Имено, на креветот биле ставени ливчиња од роза и црвени балони, а како шлаг на тортата тука биле и заедничките фотографии од вљубениот брачен пар.

Да потсетиме, љубовната приказна на овој млад пар започна преку пријател, а по неколку заеднички излегувања започнаа љубовна врска.

– Се запознавме преку пријател, „кликна“ на прв поглед. Сè ми се допаѓа кај него, засега сè е во ред – раскажала претходно Анастасија.

Анастасија во тајност се венча со својот избраник, фудбалерот Немања Гудељ, а свадбената церемонија се одржа во присуство на нивните најблиски роднини.

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....