7.8 C
Скопје
03:00 - 30 март, 2026

(Видео) Каква фешта кај Амиџиќ на прославата на раѓањето на синот: Еве кој дојде, водителот пееше цела ноќ!

Српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ, сега Амиџиќ, на 9 март добија син на кого му го дадоа името Перун.

Огњен по повод раѓањето на детето организирал прослава за пријателите и семејството во ресторан, а доброто расположение било на високо ниво.

Гордиот татко славел со најблиските до утрото, а меѓу гостите биле Милица Тодоровиќ, Сања Вучиќ, Ариза, Тијана Стоисављевиќ, Милица и Марко Кон, Марија Микиќ, Газда Паја, Бојана Лазиќ, Васко Жабата и многу други.

Пееле, танцувале, се забавувале, а како што обично се случува, пејачите мораат и да запеат, па ниту Огњен не останал имун и го отпеал својот најголем хит „Обала“.

Пријателите на Амиџиќ му ја искинале маицата на која пишувало: „Добредојде Перун“.

Да потсетиме, Огњен откри како се одлучил за името Перун.

„Долго време размислувам за името, веќе извесно време ми се допаѓа името Перун. Кога го предложив, на Мина ѝ се допадна. Јас навистина го почитувам сечиј избор. Мене ми беше чудно моето име, до ден-денес не познавам некој Огњен кој е постар од мене, тогаш беа модерни други имиња. Сакав име кое е необично, кое има врска со нашата традиција, а е необично. Силно име, кратко, јасно…“

Огњен признава дека има многу стравови.

– Кога станува збор за важни работи, деца, секогаш имам стравови. Важно е само да е здрав и сè да е во ред. Мина е поинаков тип, таа е лавица. Лесно поднесува сè, брзо се снаоѓа. Таа ми го олеснува животот и тоа е совршено – заклучил Огњен за српски „Блиц“.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....