07:26 - 13 јули, 2026

(Видео+фото) Болната Селин Дион дојде на концертот на хрватскиот музичар Стјепан Хаусер, а тој ѝ посвети специјална песна

Хрватскиот музичар и виолончелист Стјепан Хаусер, член на познатото дуо „Ту челос“, деновиве е на турнеја во Америка, каде изминативе денови на еден од неговите настапи гостувала славната пејачка Селин Дион.

Светски познатата дива веќе две години не се појавува толку често во јавноста, бидејќи боледува од тешка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vegas Revealed (@vegas.revealed)


Вистинска привилегија е да се види Селин во јавноста, а кога се појавила на настапот на Хаусер настанал вистински хаос. Хрватскиот музичар многу добро знаел како да ѝ угоди на својата важна гостинка, па специјално за неа отсвирал обработка од насловната песна „My Heart Will Go On“ од филмот „Титаник“ која ја пее токму Селин.

Преплавена од емоции, таа седела до самиот крај, целосно занесена во настапот на сцената. По завршувањето на песната, Селин станала со остатокот од публиката и одушевено му аплаудирала на Хаусер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vegas Revealed (@vegas.revealed)


Таа се заблагодарила и кимнала со главата во знак на почит кон присутните на концертот. Покрај тоа, Селин им испратила и неколку бакнежи заедно со слатки зборови на благодарност.

Балканскиот шармер се обидел да ја убеди да му се придружи на сцената, но таа учтиво го одбила и му дала знак со раката дека треба набрзо да разговараат.

– Ви благодарам што сте тука, за нас е голема чест. Уживајте во остатокот од шоуто – ѝ рекол потоа Хаусер на Селин Дион.

Двајцата имале можност официјално да се сретнат и да разговараат по концертот зад сцената. Селин тогаш не го криела воодушевувањето од неговата работа и дело, а била направена и заедничка фотографија.

„Долго го чекав овој момент! Ви благодарам што дојдовте со вашето семејство на мојот концерт во Вегас, ми беше чест!“, стои во описот на нивната заедничка фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

Слични објави

Елена Велеска жедта ја гасне со коктели и шармира во црвен костим за капење

Еспресо

(Фото) Ова е луксузниот стан на Марија Шерифовиќ – се наоѓа во елитниот дел од Белград, први соседи ѝ се Новак Ѓоковиќ и Милица Тодоровиќ

Еспресо

(Фото) Ирина Дишо и Павле Камилоски на Галичка свадба: „Таа е мостот што ги поврзува минатото и иднината“

Еспресо

„Блеска, заљубена е…“: Милица Павловиќ проговори за љубовната врска на Џејла Рамовиќ

Еспресо

„Прагма“ ви ја претставува новата колекција – совршени свечени фустани за сечиј вкус

Еспресо

(Фото) Не се знае која е поубава! Српската актерка Слобода Миќаловиќ со сестрите на ноќна забава

Еспресо
Се вчитува....