28 C
Скопје
13:10 - 28 јуни, 2024

(Видео+фото) Болната Селин Дион дојде на концертот на хрватскиот музичар Стјепан Хаусер, а тој ѝ посвети специјална песна

Хрватскиот музичар и виолончелист Стјепан Хаусер, член на познатото дуо „Ту челос“, деновиве е на турнеја во Америка, каде изминативе денови на еден од неговите настапи гостувала славната пејачка Селин Дион.

Светски познатата дива веќе две години не се појавува толку често во јавноста, бидејќи боледува од тешка невролошка болест позната како синдром на вкочанета личност.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vegas Revealed (@vegas.revealed)


Вистинска привилегија е да се види Селин во јавноста, а кога се појавила на настапот на Хаусер настанал вистински хаос. Хрватскиот музичар многу добро знаел како да ѝ угоди на својата важна гостинка, па специјално за неа отсвирал обработка од насловната песна „My Heart Will Go On“ од филмот „Титаник“ која ја пее токму Селин.

Преплавена од емоции, таа седела до самиот крај, целосно занесена во настапот на сцената. По завршувањето на песната, Селин станала со остатокот од публиката и одушевено му аплаудирала на Хаусер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vegas Revealed (@vegas.revealed)


Таа се заблагодарила и кимнала со главата во знак на почит кон присутните на концертот. Покрај тоа, Селин им испратила и неколку бакнежи заедно со слатки зборови на благодарност.

Балканскиот шармер се обидел да ја убеди да му се придружи на сцената, но таа учтиво го одбила и му дала знак со раката дека треба набрзо да разговараат.

– Ви благодарам што сте тука, за нас е голема чест. Уживајте во остатокот од шоуто – ѝ рекол потоа Хаусер на Селин Дион.

Двајцата имале можност официјално да се сретнат и да разговараат по концертот зад сцената. Селин тогаш не го криела воодушевувањето од неговата работа и дело, а била направена и заедничка фотографија.

„Долго го чекав овој момент! Ви благодарам што дојдовте со вашето семејство на мојот концерт во Вегас, ми беше чест!“, стои во описот на нивната заедничка фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)

Слични објави

(Фото) Се соблече Ана Бекута на 64 години и го покажа телото! Камерата прво ја снимила водата, а потоа се префрлила на нозете…

Еспресо

Болната Кејт Мидлтон го планира следното појавување во јавност: Во ложата на Вимблдон

еспресо

Откриен незгоден ефект од скапиот лек за слабеење Оземпик: „Ниедна ѕвезда не сака да зборува за тоа“

еспресо

(Видео) Кијану Ривс ги „фрли“ жените во транс на концертот во Крагујевац, разочарани останаа само љубителите на стрипот

еспресо

(Фото) Поплавена куќата на Гоца Тржан: „Апарат за испумпување на вода е добредојден“

еспресо

Цеца Ражнатовиќ на листа на најбогатите пејачки, еве кој ја „шие“: „Богатството не е гаранција за среќа“

еспресо
Се вчитува....