22:18 - 6 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ТАМАРА И КАТАРИНА СЕ ПОТАТ ВО ТЕРЕТАНА: Полесно се вежба во друштво на супер згодни момци

За фит тело треба да се вежба преку целата година не само три месеци пред летениот одмор. Нашата позната пејачка Тамара Тодевска и нејзината пријателка манекенката Катарина Ивановска овие студени денови ги искористат максимално посветувајќи време на својот изглед.

Фото: Принтскрин / Instagram

Тамара долги години мака – мачеше со вишокот килограми, но тоа е веќе минато бидејќи пејачката последниве години изгледа одлично. Здравата исхрана, но и редовната физичка активност допринесоа телото на Тамара да изгледа подобро од кога било.

Фото: Принтскрин / Instagram

Тодевска на својот инстаграм – профил објави видео и фотографии додека се загрева за почеток со кардио вежби, возејќи статичен велосипед, а потоа сподели фотографии од салата каде вежба позирајќи со нејзини пријатели, згодни момци со мускули.

Во салата за вежбање ја придружуваше и нашиот позната тату-мајстор Горан Мичиќ, кој е пријател на пејачката, а притоа има изработено и тетоважи на нејзиното тело.

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната манекенка, Катарина Ивановска многу малку открива за својот приватен живот, а на социјалните мрежи воглавно објавува фотографии од дамнешни професионални фотосесии, патувања и секојдневни моменти поминати со пријателите и нејзините деца.

Една од последните објави кои која манекенката ги сподели со своите фанови го привлече нашето внимание.


Ивановска прави комплексни вежби, со кревање тегови под контрола на професионален тренер. На видеото се гледа дека и за нашата манекенка вежбите се доста тешки, но за убавина вреди да се „трпи“.

Двете дами изгледаат прекрасно, а притоа и активно работат на својот здрав и фит изглед. Едноставно, без пот нема ништо!

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....