20:21 - 29 јануари, 2026

(Видео+фото) Адријана Лима, Тајра Бенкс, Ирина Шајк, Џиџи Хадид… Најубавите жени на светот синоќа прошетаа на ревијата на „Викторија’с сикрет“

Замавнувајќи со традиционалните ангелски крилја, Џиџи Хадид ја имаше честа да ја отвори модната ревија „Викторија’с сикрет 2024“, кој триумфално се врати на модните писти откако шоуто беше откажано во 2019 година. Култната модна ревија се одржа во главната продавница на „Викторија’с сикрет“ во Њујорк по шестгодишна пауза, а на модната писта во оваа прилика се вратија ветеранките – ангели на „Викторија“ – Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Свинипул и Тајра Бенкс, кои прошетаа рамо до рамо со иконите на новата генерација, вклучувајќи ги Тејлор Хил и Барбара Палвин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Музичката дива и модна икона Шер беше насловна вечерта заедно со Лиза од К-поп групата „Блекпинк“ и ѕвездата во подем Тајла.

Тајра Бенкс го затвори шоуто додека помладата сестра на Џиџи, Бела Хадид, беше „изненадувањето“ на ноќта, облечена во црвена долна облека.

Меѓу ангелите беа и томоделите Ирина Шајк, Кејт Мос, Ева Херцигова, Карла Бруни, кои покажаа како вистински изгледа еден супермодел и ангел на „Викторија’с сикрет“.

Долго очекуваното оживување на познатата модна ревија доаѓа три години по контроверзното „разбудено“ ребрендирање со фокус на позитивноста на телото на брендот за долна облека во 2021 година. Компанијата го отпушти својот долгогодишен извршен директор поради падот на продажбата, но и откако ја обвини компанијата за мизогинија, сексуално вознемирување и малтретирање.

Џиџи се појави облечена во пастелно розови крилја и свилено розов костим. Нејзината кратка руса коса беше исчеткана зад ушите, овозможувајќи и да ги покаже своите блескави обетки. Подоцна се појави во проѕирно црвено боди од тантела и со црвена наметка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


Излегувајќи од шестгодишното пензионирање, бразилската убавица Адријана Лима, која сега има 43 години, ги маѓепса сите облечена во светкаво розово и црно карирано боди и розови холографски крилца додека чекореше по ритамот на музиката. Нејзиниот изглед се состоеше и од оскуден светкав црн градник и танга долна облека.Адријана подоцна блесна во црвена долна облека, покажувајќи дека вистинската кралица на ревијата на „Викторија’с сикрет“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@iconadrianalima)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adriana Lima (@iconadrianalima)

Слични објави

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо

(Фото) Дали е сè во ред со бракот на Реља и Николија? Пејачот фатен на пат кон аеродромот со непозната девојка

Еспресо
Се вчитува....