5.8 C
Скопје
02:25 - 1 април, 2026

(Видео) Доналд Трамп спие гол? Меланија откри во емисија: Никогаш не носи пижами!

Instagram

Идната прва дама на САД Меланија Трамп во неодамна објавените мемоари „Меланија“ откри низа детали за бракот со Доналд Трамп, но според мислењето на многумина, не била баш великодушна додека пишувала за тоа, затоа што ги избегнала скандалите што се случија во нивниот брак. А она што не го открила во книгата, го рекла на малите екрани, во емисијата „Фајв Фокс њуз“.

На прашањето дали би се омажила за Доналд Трамп доколку знаела дека тој ќе победи на претседателските избори во 2016 година, Меланија Трамп пред овогодишните избори, одржани на 5 ноември, одговорила во емисијата: „Тоа е интересно прашање“.

Водителите ги интересирало дали новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, некогаш спие. „Не спие многу“, рекла неговата сопруга, а потоа додала: „Секако дека спие“.

„Дали носи пижами?“, следело друго прашање, а Меланија се насмевнала и одговорила: „Не“.

„Што  носи кога спие, Меланија?“, ја прашале, а таа посочила дека нема да зборува за тоа. Започнала смеење во студиото, а судејќи по тие реакции, на Трамп не му е потребна облека во текот на ноќта.

Меланија сакала да стави до знаење дека нивната спална соба е повеќе од интересна, но и дека спијат во иста соба, иако претходно се сугерирало дека не ги минуваат ноќите заедно.

„Од моментот кога започна нашиот разговор, ме плени неговиот шарм и опуштена природа“, напишала Меланија Трамп во книгата за нејзината прва средба со тогаш зафатениот Трамп. Ја зела неговата визит-карта наместо да му го даде својот број. Останатото е историја, нивната историја, која продолжува да предизвикува спротивставени коментари – од фактот дека тие се одличен тандем до фактот дека нивниот брак се заснова на интерес, пред сè, а не на љубов.

Да потсетиме, Меланија и Доналд Трамп се во брак од 2005 година. Тие го имаат синот Барон Трамп (18), кој студира на бизнис школата на Универзитетот во Њујорк.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....