14:00 - 27 ноември, 2026

(Видео) Џина Џиновиќ призна какви естетски корекции правела на себе: „Бевте во право, претерав…“

Џина Џиновиќ, ќерката на пејачот Харис Џиновиќ и Мелина Џиновиќ, е многу актуелна на социјалните мрежи и споделува детали од нејзиниот приватен живот.

Јавноста често шпекулира за нејзиниот изглед, па затоа следбениците често го поставуваат прашањето дали и што наследничката на Харис корегирала и оперирала кај себе.

Џиновиќ одговараше на прашањата на своите следбеници преку Инстаграм, а едно од нив беше за корекција на усните:

„Колку милилитри стави?“ беше прашањето, а Џина даде искрен одговор:

– Речиси целосно ги стопив усните и по десет дена додадов 0,8 мл. Не би менувала ништо во иднина, дури сега сум свесна дека имав „слепило за филери“ и дека претерував… Бевте во право! – одговори таа без двоумење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam.rs (@24sedam.rs)

Да потсетиме, откако ги стопи усните, Џина ја покажа својата состојба. Потоа таа објави видео и објасни како привремено има модринки, но дека промената е очигледна:

– Сега кога се смеам, забите ми се гледаат многу. Не сум излегла од дома 10 дена, ми се скрши ноктот и сè уште не сум го поправила. Устата не ми е природно мала, ја стопив и долната усна. Добив модринки од топење, а внатре е уште покатастрофално – почна таа, а потоа додаде:

– Не знам колку е убаво да ви покажам, ужасно е и боли ужасно. Три години имам филери во устата и сега морав да го решам тоа – заклучи таа додека ги покажуваше модринките што ги добила од оваа интервенција.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....