5.8 C
Скопје
00:20 - 1 април, 2026

(Видео) Десингерица сака да работи со Карлеуша и Цеца! Тој планира филм: Ќе го гледате во Кан!

Раперот Драгомир Депсиќ Десингерица привлекува големо внимание поради своите контроверзни изјави, а секој негов чекор е следен под будното око на јавноста.

Во интервју за порталот „24 Седам“, Десингерица откри дека сонува да направи свој филм. Покрај тоа, тој сподели со која од двете популарни пејачки – Јелена Карлеуша или Цеца Ражнатовиќ, би сакал да направи песна.

Тој изјавил дека планира да снима и филм: „Планирам и десетминутен филм, за да оди на фестивал во Кан, а потоа ќе снимам нешто навистина јако“.

На новинарското прашење: Дали би се согласиле да глумите во филм доколку добиете понуда? тој одговорил:

– Зависи од тоа за каков филм станува збор. Би глумел во нешто интересно (се смее). Не би сакал комедија, повеќе би сакал некои „гасерски“ работи.

Дали повеќе би сакал да направиш песна со Јелена Карлеуша или Цеца Ражнатовиќ?

– Би работел со сите, музиката ги зближува луѓето. Музиката не е војна, ниту политика.

Кое од двете ти се допаѓа повеќе?

– Ја познавам Цеца, но не и Јелена. Јас навистина ја сакам и ја почитувам Цеца и се познаваме лично. Никогаш не сум имал никаков контакт со Јелена, ниту физички ниту психички. Но, немам ништо против неа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....