16:20 - 15 мај, 2026

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Цеца Ражнатовиќ синоќа на еден настан ја прашаа кои се нејзините планови за Нова година, а таа во свој стил им одговори на насобраните новинари, што ги насмеа сите.

Пејачката синоќа, поточно на 17 декември, се појави на прослава кај музичарот Жељко Јоксимовиќ.

Таа дошла во луксузниот хотел во главниот град со својот пријател, фотографот Милош Надаждина.

Како и секогаш, така и синоќа, пејачката беше облечена по најнова мода. Имено, Цеца носеше елегантен костум, под кој ѕиркаше бела блуза и скапо кристално ланче, а Ражнатовиќ целиот стајлинг го заокружи со чанта „Хермес“, познатиот модел „Биркин“.

Цеца не беше расположена за изјави за медиумите, па на припадниците на седмата сила им посака сѐ најдобро пред претстојните празници.

– Сакам да ви посакам на сите среќни Нова Година и Божиќ, се надевам дека нема да се видиме, да сте живи и здрави и што е најважно среќни – рекла Цеца, а на прашањето какви се нејзините планови за Нова година, таа само кратко одговори:

– Фантастични – изјави таа.

Слични објави

Рекорден интерес за настапот на Дејвид Гета во Скопје – распродадени сите 50.000 влезници за концертот

Еспресо

Ти си песна што ќе трае: Убави новости кај Анета Љумаковска и Рубин

msp-admin

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ направија свадба, пред неколку дена кажаа дека очекуваат принова

Еспресо

(Фото) Голема прослава во семејството Ражнатовиќ – Богдана и Вељко го прославија роденденот на синот Исаија

Е.А.

Во тајност започна снимањето на новата серија „Марина и Фута“

Е.А.

Кој чека ќе дочека: Тамара и Тијана открија интересна новост

msp-admin
Се вчитува....