13:36 - 13 ноември, 2026

(Видео) Безвременскиот хит на ДНК и Ена „Од утро до мрак“ доби ново руво

По 15 години песната  „Од утро до мрак“ на ДНК и Магдалена Цветкоска-Ена си доби нова верзија. Новиот призвук со брз и модерен ритам е ремикс којшто ќе се вклопи одлично помеѓу помладата публика за оваа песна да продолжи да живее и меѓу следните генерации.

Преработката е дело на DJ TOSHEVV, заедно со DJ Monarch, DJ Gokshata и DJ Naste.

Прво да се постетиме на видеозаписот и оригиналната верзија на песната која и денес се врти на радиостаниците.

Оригиналната верзија е објавена во 2011 година – музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветкоски, додека текстот е на Ена и Панчо.

Ова е уште една стара поп македонска песна што добива своја преработка. Периодов многу музички ѕвезди направија таков чекор со цел квалитетната музика да го најде своето место и на современата сцена.

Еден емотивен момент ќе остане запаметен, а тоа е кога Ена ја испеа  „Од утро до мрак“ со ДНК и на нивниот голем концерт по повод 20 години од постоењето на дуото во Арената „Борис Трајковски“ во 2022 година. Таа ретко се појавува во јавноста, но овој исклучок го направи за своите драги колеги и пријатели од ДНК.

Како ви се допаѓа новата верзија?

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....