18:11 - 13 ноември, 2026

Бев најрадосна за сите лижавчиња, чоколатца и по некоја ситна паричка на крајот од мојот „сценски настап“: Сузана Спасовска слави роденден

Сузана Спасовска, златното грло на македонската народна музика, првенка на ансамблот „Танец“, денес полни 62 години.

За публиката позната како „Сузе Национале“ или наследничка на Васка Илиева, нејзиното име веќе со децении е еден од столбовите на македонската народна музика.

Сузана во една прилика се потсети на времето кога таа била мала и на нејзините први допири со музиката.

– Кога сме оделе во маркетот да купуваме намирници, понекогаш кога ќе ме виделе така разиграна, продавачките барале од мене да отпеам песничка, па дури ме качувале и на касата да пеам и играм. Тоа била мојата сцена.

Вообичаено, освен некоја кратка детска песничка од тоа време, сум знаела да ја запеам и старата народна песна „Море што ти текна, што побегна”, песна која мајка ми додека шиеше си ја пееше, а јас сум си ја запомнила. Бев најрадосна за сите лижавчиња, бомбони, чоколатца, а и по некоја ситна паричка на крајот на мојот „сценски настап“ – се сеќава Спасовска.

Сузана Спасовска е мајка на Теона и баба на Клара.

 

Слични објави

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо
Се вчитува....