01:05 - 12 ноември, 2026

(Видео) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ на необичен начин ја прославија Новата година во Севиља

Анастасија Ражнатовиќ по бракот со фудбалерот Немања Гудеља се пресели во Севиља, а синоќа со него ја дочека Новата година на малку поинаков начин.

Наместо да го прослават дочекот во ресторан или клуб, Анастасија и Немања се одлучиле за помирна опција.

Младата пејачка синоќа објави на својот инстаграм-профил каде покажа дека двајцата ја дочекале новата 2024 година на плоштад. Анастасија најпрвин го снимила погледот од покривот на една зграда, а потоа ја свртела камерата и се покажала себеси и нејзиниот избраник.

Тие двајца постојано се смешкаале. Анастасија беше во црно палто, а Немања на крајот од видеото испрати бакнеж.

Инаку, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ, пред неколку дена споделија интимни моменти што ја одбележаа оваа година.

Во краткото видео кое се појави на социјалните мрежи можете да ги видите деталите за нивната венчавка, патување, семејните моменти и деловните успеси, но и болните моменти низ кои поминале поради загубата на детето.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....