14:37 - 1 април, 2026

(Видео) Анастасија и Немања Гудељ се возат заедно низ град со тротинет: Фудбалерот силно ја гушка и бакнува сопругата

Младата музичка ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ е среќна во брак со фудбалерот Немања Гудељ.

Анастасија често на социјалните мрежи споделува моменти од приватниот живот, а сега покажа како таа и Немања го поминуваат времето.

Се возеле на електричен тротинет, а Анастасија го снимила Немања како ја гушка и бакнува за време на вечерното возење.

Да потсетиме, Анастасија и Немања се венчаа во јули минатата година во манастирот Рајиновац. Анастасија на црковната венчавка блесна во бел фустан, а кума ѝ беше долгогодишната пријателка и актерка Тара Милутиновиќ.

Двојката живее во Шпанија, а Анастасија еднаш раскажа како морала да го научи нивниот јазик поради живеењето во Севиља:

– Во Севиља бев принудена да зборувам на шпански бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да учам, имав претходно знаење од теленовели. Најмногу ми недостига мајка ми, ние две сме многу блиски. Ние сме како најдобри пријатели и сѐ што ми се случува јас прво неа ѝ кажувам. Нон-стоп сме на видео повик.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....