00:32 - 9 април, 2026

(ВИДЕО) АЦА ЛУКАС синоќа го крена Загреб на нозе, а денес пласира нов хит: Слушнете ја песната „Еднаш“

Синоќа српскиот фолкер Аца Лукас имаше одличен настап во главниот град на Хрватска а го слушаа 1.500 луѓе. Поради големиот интерес вечерва ќе пее на истото место, а сите места однапред се резервирани.

Истовремено пејачот се подготвува и за големиот настап во Белград – солистички концерт, кој е закажан за следниот четврток (14.април) во Штарк арената.

Во рамките на најавата за големиот концерт, како што вети, Лука објави нова песна.

Песната „Еднаш“ (Једном) потпишана од докажана добра екипа е првиот подарок за публиката пред самостојниот концерт.

Музиката и текстот ги направи Саша Милошевиќ Маре, а аранжманот е  на Сашко Николиќ.

Да потсетиме, Лукас пред две недели ја воодушеви публиката со песната „Покидан“ која се уште е на тренд листата на платформата Јутјуб.

Бидејќи пејачот најави уште изненадувања пред концертот, како и за време на самиот концерт, останува да почекаме до следниот четврток и да дознаеме што ни подготвува.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....