14.8 C
Скопје
18:02 - 4 април, 2025

(Видео) Ѝ го уапсија поранешниот, а таа највесела на журката: Милица Тодоровиќ објави хит видео, широка насмевка и убиствено деколте

Српската пејачка Милица Тодоровиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога беше уапсен хрватскиот бизнисмен Марио со кој беше во врска.

Милица сега сподели како го слави роденденот на колешката Марина Вишковиќ, па сподели детали од местото на настанот.

– Кукла моја најубава! Нека е најсреќен, Марина – напишала Милица во описот на едната објава, а во друга покажала што ги опкружува.

Милица Тодоровиќ, да потсетиме, минатата недела се огласи преку својот профил на Инстаграм. Иако не ги демантираше информациите од моментот кога првпат се појавија дека е во врска со споменатиот бизнисмен, Милица пред неколку дена се огради од Марио кој беше уапсен во нејзиниот стан, како што напишаа српските медиуми, а за нивната блискост сведочат фотографиите и снимките кои неодамна ги направи „Папарацо лов“.

– Драги мои луѓе, добар ден. Како што можете да видите, не сакав да се огласувам во првите 24 часа, но кога видов колку далеку отишло, морав да се обратам. Сакам да кажам дека немам никаква врска со овој настан, бидејќи веќе извесно време не сум во романтична врска. Жал ми е, но така е. Се случуваат убави и грди работи, што да правиме, тоа е сè живот. Одиме понатаму, насмевка – рекла таа и испратила бакнеж кон камерата.

За споменатиот бизнисмен, да потсетиме, беше распишана меѓународна потерница издадена од Интерпол Загреб за кривично дело измама и фалсификување според хрватскиот кривичен законик.

 

Слични објави

(Фото) „Ова како да е пластична кукла!“: Поради фотошопот на Дара Бубамара се вжештија социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Миле Китиќ го промени изгледот: Пејачот по 8 години ја избричи брадата, откри што го поттикнало на овој потег

Еспресо

(Видео) Сите ги изненади: Синот на Џулија Робертс за првпат виден на јавен настан

Еспресо

(Фото) Сања Кужет без грам шминка: Водителката на 41 година го покажа вистинското лице, нема ниту една брчка

Еспресо

„Се слушаме по десет пати, ми готви грав“: Индира Левак откри во какви односи е со поранешниот сопруг

Еспресо

Анабела ја поддржа Луна да посвои дете: „Тоа е најхуманиот чин за мене!“

Еспресо