14:10 - 27 ноември, 2026

Весна Змијанац остана без пари и стан: Пејачката жртва на измама, верувала дека сè е легално

Весна Змијанац наводно се нашла во голем проблем откако вложила пари за да купи стан во луксузна зграда во Врачар. Наместо да се всели, пејачката се соочила со проблем откако работите морале да запрат, бидејќи инвеститорот ги изгубил дозволите за градба.

Зградата требало да биде ексклузивна станбена зграда, а Весна наводно била една од првите што резервирала стан и платила значителна сума пари. Кратко по почетокот на изградбата, инвеститорот се соочил со административни и правни проблеми, а градежната инспекција му ги одзела сите потребни дозволи за продолжување на работите.

Како што открил извор близок до пејачката за медиумите, Весна, која поседува бројни луксузни имоти во српската престолнина, била огорчена и разочарана:

– Весна не може да поверува дека стана жртва на измама. Веруваше дека сè е легално и дека наскоро ќе се всели. Сега остана без стан и без гаранција дека парите ќе ѝ бидат вратени – вели извор близок до Змијанац.

Според достапните информации, инспекцијата открила неколку неправилности во документацијата, а инвеститорот наводно продолжил со изградбата дури и откако му било наредено да ја запре, што довело до целосно запирање на проектот.

За потсетување, Весна Змијанац е позната по инвестирањето во недвижности, а претходно купила луксузен стан на улицата „Кнежа Милоша“, за кој искешира 350.000 евра.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....