7.8 C
Скопје
10:42 - 1 април, 2026

ВЕЛИГДЕНСКА ЈАГНЕШКА ЧОРБА: Фантастичен рецепт од Теа

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа ни зготви одличен рецепт за превкусна јагнешка чорба, која заслужува да се најде на вашата празнична трпеза.

Потребни состојки:
▪️јагнешка глава
▪️јагнешки џигерчиња
▪️3-4 моркови, средна големина
▪️½ главица корен од целер
▪️1 пашканат
▪️3-4 млади кромидчиња
▪️1 компир
▪️1,5 – 2 л. вода
▪️мешан сув зеленчук
▪️сол и црн бибер
▪️масло
▪️1 лажица брашно
▪️лист од целер или магдонос (по желба)
фото – готвиме со Теа
Начин на подготовка:
Најпрво јагнешката глава и џигерчињата сварете ги и откако ќе се сварат исчистете го месото и џигерчињата исецкајте ги на ситни парчиња.
Сите зеленчуци исецкајте ги на ситни парчиња или во сецко. Во садот во кој ќе ја правите супата ставете масло да се загрева и откако ќе се загрее ставете ги морковите да се пропржат 2-3 минути. Налејте вода, додадете ги зеленчуците и јагнешкото месо и џигерчињата, зачинете и посолете и варете 15 до 20 минути.
На крај во тавче на оган ставете малку зејтин и една лажица брашно да се пропржи за да добие златно жолта боја. Оваа запршка ставете ја во чорбата која ќе и даде густина и посебен вкус (за оние кои не конзумираат брашно, може и без оваа запршка).
Вратете ја чорбата на оган, додадете бибер и исецкан лист од целер или магдонос и по 2 минути варење исклучете го огнот.
Теа ви посакува среќен и весел празник поминат со вашите сакани!

Честит Велигден!

Слични објави

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....