9.8 C
Скопје
12:34 - 1 април, 2026

ВЕЛИГДЕНСКА ФАНТАЗИЈА: И скршените јајца може да бидат одлични за бојадисување

Искршените варени јајца може да се користат и за боење, а текстурата ќе изгледа како јајце од диносаурус.

Полнети шарени јајца

Наместо класичните обоени јајца, можете да сварите јајце и да го обоите откако ќе ги излупите. Освен пастелните бои кои се хит во последно време, а кои ќе внесат радост во домот, ова уживање со јајца е поинакво и интересно, а особено ќе ги воодушеви најмладите.

За филот со жолчка од јајце:

Жолчки од јајце
Половина чаша мајонез
Две лажици сок од кисели краставички
Две лажици сенф
4 лажици ситно сечкани кисели краставички
Сол и бибер по желба

Подготовка за полнење:

Сварете ги јајцата и исплакнете ги со ладна вода. Излупете ги лушпите. Пресечете ги на половина и ставете ги жолчките во сад. Додадете сенф, мајонез и сок од кисели краставички. Измешајте додека не се изедначи. Измешајте ги ситно сечканите кисели краставички и посолете и побиберете по желба. Смесата ставете ја во вреќичка за украсување. Кога ќе ги обоите белките, наполнете ги со смесата.

За бојадисување на белките:

Чаша со вода до два децилитри (во зависност од бројот на бои)
1 лажичка оцет
Боја за јадење

Земете ги саканите бои и измешајте ги во чаши со вода. Во обоената вода додадете оцет. Нежно со лажица ставете ги половините од белката во обоената вода. Оставете ги да киснат најмалку десет минути или додека не се постигне саканата нијанса. Извадете ги со лажица и ставете ги на хартиена крпа да се исушат. Наполнете ги со филот од жолчка.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....