15:02 - 7 април, 2025

ВЕЛИГДЕНСКА ЧОКОЛАДНА ТОРТА: Поезија на вкусови и миризби

Подгответе превкусна чоколадна торта и декорирајте ја со чоколадни јајца или со чоколадно зајаче за свечената велигденска трпеза.

Намирници за бисквитот – 4 јајца, 100 гр шеќер, 1 ванилин шеќер, 100 мл масло, 70 гр остро брашно, 30 гр какао во прав, половина ќесичка прашок за пециво.

Намирници за чоколадниот крем – 500 мл слатка павлака за шлаг, 300 гр чоколадо за готвење, 200 гр млечна чоколада.

Подготовка

Помешајте го брашното со прашокот за пециво и какаото, па ствете го настрана. Белките од јајцата измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пак, пенесто измиксајте ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете масло. Неизменично додавајте по малку од сувите состојки, по малку од белките и нежно мешајте ја смесата додека сите состојки се соединат.

Со мрсна хартија за готвење обложете го дното на калапот за печење (26 см), па претурете ја подготвената бисквитна смеса. Бисквитот печете го 15-20 минути на температура од 180 степени. Со чепкалка проверете дали е испечен.

Оставете го бисквитот во калапот за торта и оставете 15-на минути да се излади на собна температура. Во меѓувреме подгответе го чоколадниот крем. Во лонче ставете ја павлаката за шлаг и искршената чоколада и загревајте го кремот на ниска температура додека чоколадата се стопи. Чоколадниот крем претурете го врз бисквитот. Тортата прво изладете ја сосема, на собна температура, а потоа во фрижидер (најдобро преку ноќ).

За украсната декорација на тортата ќе ви треба чоколадно зајче (поголемко), мини-чоколадни јајца и малку зелен кокос кој ќе имитира трева. Зелениот кокос ќе го добиете на тој начин што на кокосот ќе му додадете зелена боја за готвење. Обоениот кокос распоредете го врз тортата, па украсете со чоколадниот зајак и јајцата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Creed (@whatjessicabakednext)

Слични објави

Познатиот српски актер призна дека користел наркотици: Шокираше со откритието кога почнал!

Еспресо

Јована Пајиќ нападнала маж на аеродром: „Тоа не му требаше, ја премина границата!“

Еспресо

Со години сите биле во заблуда! Маја Николиќ не е нејзиното вистинско име!

Еспресо

Дара Бубамара откри зошто со години била скарана со Саша Поповиќ: Се налутив и му ја затворив вратата!

Еспресо

Јована Јоксимовиќ скршена од болка поради смртта на Татјана Спалевиќ, уредничката на „Танјуг“: Ангел, моето второ јас…

Еспресо

(Видео) Карлеуша објави видео со Милица Павловиќ и сите се прашуваат дали се смириле! Еве што напиша таа

Еспресо