35.1 C
Скопје
15:14 - 6 август, 2026

Вдовицата на Саша Поповиќ ги продаде апартманите во Опатија: Недвижностите го чинеле новиот сопственик вистинско богатство!

По смртта на Саша Поповиќ, еден од највлијателните луѓе од регионалната сцена и долгогодишен лидер на продукцијата „Гранд“, неговата сопруга Сузана Јовановиќ донесе одлука засекогаш да се збогува со местото кое со години беше синоним за нивното летно засолниште, Опатија.

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ летните денови ги поминуваа во Опатија, каде што тој имаше два апартмани, луксузно опремени, како и јахта на која можевме да видиме многу познати лица од Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ до Лепа Брена и други.

Семејниот пријател Дејан Ќирковиќ Ќира ексклузивно откри за медиумите дека Сузана со ќерката Александра и синот Даниел нема да одат во Опатија оваа година, ниту пак, била, како што објавија српските медиуми, а причината за ова е што двете недвижности се продадени.

– Не е вистина дека Сузана била во Опатија по смртта на Саша, двата стана што беа во сопственост на мојот кум се продадени на еден човек од Белград. Сузана ги извади сите работи и ги донесе во Белград – рекал Ќира, пишува српски „Курир“.

Со оглед на тоа што цените на летување во Опатија скокнаа, двата апартмани го чинеле богатство новиот сопственик, а Ќира открил и што се случило со јахтата на која Саша уживал со своето семејство и пријателите.

– Цените во Опатија се ненормални, сè поскапе, а што се однесува до јахтата, и таа е на продажба, но не сум сигурен дали сè уште има купувач. Мислам дека одлуката за продажба на становите ја донел Саша додека бил жив, што ќе ѝ се на Сузана толку недвижности, жената е сама – рекол тој.

Во разговорот, Ќира открил и дека Александра не сакала баш да летува во Опатија, додека од друга страна, Даниел често одел и уживал со сопругата Тијана.

– Ќерката на Сузана и Саша не беше некој обожавател на Опатија, каде што имаа станови, повеќе Даниел сакаше да оди и да летува со сопругата – рекол Ќира.

Да потсетиме, Саша Поповиќ почина на 1 март во Париз кога ја изгуби битката со тешката болест, а лидерот на „Гранд“, сè додека имал сила и волја, одел во Опатија каде што угостувал многу личности од забавната индустрија. Во 2019 година, пејачката Јелена Карлеуша се најде на јахтата на Саша со нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Душко Тошиќ и наследничките Ника и Атина.

 

Слични објави

(Видео) Не се одвојува од синот – Анастасија Ражнатовиќ сподели сладок момент од сопругот Немања и нивниот син

Еспресо

(Видео) Марко Пејчиновски ја избричи главата во чест на покојната мајка и како поддршка за сите што се борат со рак

Еспресо

(Видео) По 43 години, истата сцена: Лепа Брена повторно падна на настап изведувајќи го својот препознатлив потег со ногата

Еспресо

(Видео) Маријана, Росана, Дац и Александар ги здружија гласовите: „Засекогаш млади“ е едноставна реченица со исклучително длабока мисла

Еспресо

(Видео) Елена од „Живот со стил“ ужива во романтични мигови со сопругот на Азурниот Брег

Еспресо

Емина Јаховиќ измамена во Истанбул: Останала без брендирана гардероба вредна повеќе од 50.000 евра

apostolova
Се вчитува....