7.8 C
Скопје
20:30 - 1 април, 2026

Васкез ѝ одговори на Амбер Херд: „Семејното насилство нема пол“

Адвокатите на Џони Деп вчера наутро се појавија на повеќе тв-емитувања за да се спротивстават на зборовите на Амбер Херд дека судењето за клевета на нејзиниот поранешен сопруг е неправедно.

Адвокатите на тужителот, Камила Васкез и Бенџамин Чу, зборуваа за Тодеј, Добро утро Америка, а потоа и за мрежата Law and Crime, која го следеше судењето.

Поранешниот адвокатски тим на ѕвездата од Пиратите од Карибите кажаа колку е среќен Џони за победата и рекоа дека актерот „така не се насмеал шест години“ – односно откако започнале проблемите со поранешната сопруга Херд. Васкез и Чу исто така го критикуваа тврдењето на Херд дека актерката го изгубила судењето затоа што е помоќен и попопуларен од неа. „Апсолутно не е точно „дека социјалните медиуми одиграа улога“, објаснија адвокатите. Според нив, на поротата едноставно не ѝ се допаднало сведочењето на Амбер бидејќи, за разлика од Џони, таа не преземала одговорност за ништо“.

Двајцата адвокати потоа ставија до знаење дека тужителот може да се откаже и од 8-те милиони долари што Амбер беше осудена да ги плати (да потсетиме, адвокатот на Амбер рече дека таа не може да си го дозволи тоа и дека ќе поднесе жалба).

На прашањето дали ќе се откажат или не од казната, адвокатите на Деп рекоа: „Не беше прашање за пари за г-дин Деп. Се работеше за враќање на неговиот углед и тој го направи тоа “.

Потоа Чу објасни: „Моето чувство е дека победата има многу врска со одговорноста. Џони ги предочи своите проблеми, беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата, беше искрен за некои несреќни работи што ги опиша, сосема спротивно од г-ѓа Херд , која не изгледаше искрено… или барем поротата можеби почувствува дека таа не презема одговорност за ништо“, и додаде „Мислам дека тоа направи разлика“.

Васкез додаде: „Клучот за победата беше фокусирањето на фактите и доказите и можноста на Џони за прв пат да може да ја каже вистината за фактите. Тој можеше да каже што навистина се случило пред поротата и пред публиката“.

Во вторникот пак, адвокатите на Херд објавија изјава во која ја критикуваа „победничката турнеја“ на тимот на Деп по завршувањето на судењето. Тие порачаа и дека се девалвираат правата на жените. А самата Херд рече: „Додека Џони Деп вели дека „се движи напред“, правата на жените се движат наназад.

Бранителите на Деп возвратија: „Тоа е разочарувачки. Ние само зборуваме за тоа што се случи во овој случај и фактите докажаа дека Џони е во право “.

„Пресудата зборува сама за себе“, изјави Васкез за „Добро утро Америка“.

Васкез потоа објасни: „Семејното насилство нема пол“.

Камила Васкез, која стана ѕвезда благодарение на судењето, објасни дека би била среќна доколку големата слава што ѝ се случила ги инспирира девојките да продолжат со студиите по право и да се занимаваат со правна кариера.

 

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....