11.8 C
Скопје
14:20 - 30 март, 2026

Уште две пукања во САД: мртви и ранети во Висконсин и Ајова

Уште два вооружени напади се случија во САД каде, според првите податоци, има неколку загинати и непознат број повредени.

Првата се случила на гробиштата Грејсленд во Расин, за време на погреб во четвртокот попладне, а се зборува за тројца загинати, меѓу кои и еден од двајцата напаѓачи. Пукањето се случило додека му бил даван последен поздрав на Да’Шонтај Кинг Џуниор, убиен од полицијата на 20 март.

Второто пукање се случило во Ајова, на паркинг пред црквата Амес Корнерстоун, и тука има три смртни случаи – изјавил за локалниот печат изјави шерифот на округот Стори. За сега се смета дека една од жртвите е извршителот на пукањето. Истрагата е во тек, а органите на редот не соопштуваат детали за оружјето употребено во престрелката.

Во меѓувреме, државата Њујорк ја зголеми возраста за купување полуавтоматски пушки од 18 на 21 година. Зеленото светло следи по масакрите во Бафало и Тексас во кои животот го загубија 31 лице.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....