-0.2 C
Скопје
07:07 - 2 март, 2026

Урнебесно: Тино и Атанас како Заев и Мицкоски во Еден на Еден (ВИДЕО)

Тино Костадиновски и Атанас Атанасовски ќе му бидат гости на Жаре во новата Еден на Еден, во недела, на Канал 5 телевизија од 18.30.

„Нѐ препознаваат, сѐ повеќе од театар, веќе не само од Златна Бубамара. Еднаш, во диско еден од обезбедувањето се фалел: Еј, знаеш кого видов сношти, оние Тони и Део“, раскажаа глумците во свој стил.

Дел од шоуто што не смеете да го пропуштите ќе биде и надсинхронизацијата на Атанас и Тино, тие ќе бидат во улогите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Плус, Жаре им смисли и интересна игра, асоцијации со полна уста. Оригинална приказна за целата македонска естрада и уште неколку познати личности ќе раскаже Тино во рапот „Доуп естрада“.

Фото: Промо

Дел од новата Еден на Еден ќе биде и босанскиот пејач Божо Вреќо, а ќе слушнеме и една хумана приказна од Борче Стаменов од Кавадарци кој поправа стари компјутери и ги донира на млади кои не можат да си дозволат да ги купат.

Пред емисијата во недела, погледнете ја надсинхронизацијата на Тино и Атанас:

Слични објави

(Фото) Водителката Сања Маринковиќ објави фотографии од Блискиот Исток и ги загрижи следбениците

Еспресо

„Чекаме информации…“: Луна и Марко останаа „заробени“ на Малдиви поради конфликтот меѓу Иран и САД

Еспресо

Ќерката на Ѓоле Ѓогани евакуирана во Дубаи: „Господи, ти си избавител мој“, порача Силвија

Еспресо

Прва исповед на лекарите за здравствената борба на Саша Поповиќ: „Тоа беше најчувствителниот момент“

Еспресо

Се огласи Дадо Полумента од Малдиви: Со бремената сопруга и ќерките заглавен поради кризата на Блискиот Исток

Еспресо

Српска инфлуенсерка се огласи од Дубаи: „Аеродромите се затворени, ракетите ни летаат над главите“

Еспресо
Се вчитува....