17:24 - 1 ноември, 2026

Урнебесно! Петар Грашо откри како изгледал Божиќ со семејството во неговиот дом

Хрватскиот пејач Петар Грашо во интревју за „ИнМагазин“ рече дека 2024 година најмногу ќе ја памети по раѓањето на второто дете, синот Тони, а со искрен и малку хумористичен тон, откри и како изгледала празничната атмосфера во неговото семејство за Божиќ.

„Божиќ во семејството Грашо е секогаш убав и многу хаотичен. Значи, јас како некоја пејачка ѕвезда треба да измислувам и да кажам дека сите се собираме околу масата, дека е тивко, дека музиката свири. Хаос (се смее), едно дете плаче, друго дете плаче, сестра ми дојде со две кучиња. Така Божиќ беше сè само не мирен, но беше среќен и бевме заедно, сите заедно и уживавме. Пиевме вино, слушавме божиќни песни“, откри тој.

Инаку, Петар работно ја дочека новата година, пеејќи во Пула. Неодамна, пак, тој одржа концерт и во Макарска, токму на денот кога неговата сопруга Хана го прослави својот 34-ти роденден. Како што откри, од Словенија бил на пат за Макарска, па скршнал од патот да ја види сопругата и да ја прегрне за роденденот. Тие уживале во заедничкиот ручек и во краткото, но слатко време поминато заедно.

Инаку, Хана Хуљиќ Грашо неодамна ги изненади своите следбеници на Инстаграм со емотивна фотографија на која за првпат позира со своите две деца – двегодишната Алба и тримесечниот Тони.

Слични објави

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....