-0.2 C
Скопје
06:24 - 22 ноември, 2024

Уапсена поранешна мисица која извршила кражба како на филм: Украла вино вредно повеќе од еден милион евра

Хрватската полиција на границата со Црна Гора ја уапсила поранешната мексиканска мисица, 28-годишната Присила Лара Гевара и нејзиното момче Романецот Константин Габриел Думитру (47).

Двајца крадци украле 45 шишиња вино вредни повеќе од еден милион евра, меѓу кои и шише старо 215 години вредно неверојатни 350.000 евра. Кражбата се случила на 27 октомври минатата година во луксузниот хотелско-ресторански комплекс „Атрио“ на југозападот на Шпанија во градот Касерес.

Според Хозе Полу, еден од сопствениците, сето тоа се случило доцна во ноќта, околу еден и пол часот по полноќ. Јавноста не е изненадена што крадците го избрале ова место бидејќи се работи за угостителски објект со две Мишелин ѕвезди, во чии рамки има визба со повеќе од 40 илјади шишиња. Меѓу нив биле украдени и 10 шишиња Château D’Yquem од бербите од 1806,1883,1884,1891,1899, 1900 и 1901 година.

„Крадците се професионалци, точно знаеле што прават. Знаеле како да ги скршат магнетните брави на вратите од визбата“, изјави по кражбата сопственикот. Открил дека вкупната вредност на украдените вина е околу еден милион евра, а се работи за реколти од 1806 до 2012 година.

Осомничениот маж и жена зборувале англиски и оставиле впечаток на многу префинет пар. Жената била на возраст од четириесет години, користела швајцарски пасош и носела перика, била придружувана од маж, кој го извршил грабежот. Доцна вечерта се јавиле на рецепција и побарале храна во собата. Грабежот се случил додека рецепционерот околу 01.30 часот правел салата и десерт за парот. Кога рецепционерот отишол во кујната, оставајќи го просторот без надзор, човекот се симнал во подрумот и ги украл шишињата, што подоцна можело да се види на снимката од безбедносната камера.

Парот се одјавил од хотелот во раните утрински часови, ги платил трошоците за сместување со кредитна картичка, па го напуштиле местото со 45 шишиња скапоцени вина. Оваа информација за многумина е чудна бидејќи сепак е голема количина, и како е можно никој да не забележи.

Полу смета дека парот работи за приватен колекционер бидејќи земале само шишиња кои не можат да се заменат или да се продаваат на отворен пазар.

„Тие се препознатливи, Château d’Yquem од 1806 година е уникатен, сите знаат дека е наш“, рече сопственикот, додавајќи дека на пазарот би забележале дека е ставен на продажба.

„Како и уметноста, виното се поврзува со задоволство и луксуз и понекогаш може да достигне ирационални цени“, вели Давид Ремартинез, критичар и новинар. Тој додаде дека тие шишиња не можат да се продаваат јавно, но дека сѐ уште постои скриен пазар за нивна размена.

„Не ни ги зедоа само вината, туку и нашите соништа“, рече Полу.

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....