18:22 - 4 април, 2026

Цеца, Лепа Брена, Здравко Чолиќ… Српските ѕвезди поради коронавирусот ги откажаа концертите и останаа со празни џебови

Исто како и нашите музички ѕвезди, така и српските почнаа да ги откажуваат своите настапи и концерти.

Светлана Цеца Ражнатовиќ, Аца Лукас, Лепа Брена, Весна Змијанац, Здравко Чолиќ, се само некои од пејачите кои поради коронавирусот мораа да ги откажат своите настапи и со тоа да останат со „празни џебови“.

Цеца викендов требаше да настапи на Копаоник, а следниот викенд во Германија со Саша Матиќ.

Поради откажаните настапи пејачката изгубила 100.000 евра.

Ист е случајот и со Аца Лукас. Тој до крајот на месецот имал договорено три настапи. Два веќе откажал, а и третиот е под прашалник.

Чолиќ имал само еден концерт, па е во загуба од 50.000 евра.

Весна Змијанац е принудена да ги помести двата концерта за мај.

И Лепа Брена е внимателна.

„Треба да се придржуваме до советите на докторите. Следете ги информациите и водете сметка за превенција. Не треба да се паничи, но дека ситуацијата е алармантна, алармантна е. Мене здравјето на моето семејство ми е поважно, како и здравјето на целата нација. Сè откажав за март и го чекам понатамошниот развој на ситуацијата“, порачува Брена.

Слични објави

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо
Се вчитува....