8.8 C
Скопје
01:10 - 18 октомври, 2026

Трагедија во Тексас: 21 убиен во основно училиште, 19 се деца, и убиецот е мртов

И убиецот е мртов. Станува збор за 18-годишен средношколец кој учел во средно училиште во Увалде. Претседателот на САД, Бајден се огласи: Идејата дека еден човек може да купи оружје за напад е погрешна.

Салвадор Рамос, 18, го паркирал својот автомобил, стигнал до кампусот на основното училиште Роб во Тексас и, вооружен со пушка и полуавтоматски пиштол, почнал да пука. Билансот е многу тежок: 22 жртви, меѓу кои 19 деца, двајца возрасни и убиецот – Салвадор Рамос, на возраст од 18 години.

Салвадор Рамос бил средношколец и учел во средно училиште во Увалде. Младиот човек наводно загинал во престрелката со агентите кои интервенирале, од кои двајца, според досегашните информации, се полесно повредени.

Меѓу жртвите е и 44-годишна учителка, додека не е јасна судбината на бабата на напаѓачот, која наводно била удрена од нејзиниот внук неколку часа пред да оди на училиште. Болницата во Увалде на Фејсбук соопшти дека згрижила „13 деца“, наведувајќи дека две „се мртви“ веднаш штом пристигнале. Дете и возрасен се префрлени во Универзитетската болница во градот Сан Антонио за да добијат соодветна нега. .

Властите не го открија мотивот за пукањето.

Ова е најсмртоносното пукање во училиште во историјата на Тексас, кое се случи четири години по страшниот настан кога вооружен маж застрела и уби 10 луѓе во средното училиште Санта Фе во областа Хјустон.

„Уморен сум од вакви трагедии, мораме да се соочиме со лобито за оружје“, рече американскиот претседател Џо Бајден кој зборуваше за пукањето во Тексас во краток говор пред нацијата. „Време е болката да се претвори во акција“, рече видно возневирениот Бајден.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....