14.8 C
Скопје
13:47 - 30 октомври, 2026

Топалко го сопрела полиција: Бил во алкохолизирана состојба, веднаш исклучен од сообраќај

Пејачот Милан Топаловиќ Топалко рано утрово во 1.40 часот на патот Зрењанин бил запрен од сообраќајната полиција, јавуваат локалните медиуми.

Полицијата направила пријава, а при интервенцијата немало никакви проблеми, јавуваат медиумите.

Алкотестот покажал дека пејачот бил во алкохолизирана состојба, со 0,60 промили во крвта.

Според извештаите, тој бил исклучен од сообраќај.

Сепак, ова не е прв пат пејачот да биде фатен од полицијата поради возење во пијана состојба.

Истото дело го сторил и во април 2021 година, кога половина час по полноќ бил запрен од полициска патрола во правец на Чачак. Во таа прилика било констатирано дека возел под дејство на алкохол. Констатирано е дека има 0,07 промили алкохол во крвта, и веднаш бил исклучен од сообраќај.

После тоа, пејачот во една емисија објасни како полицијата го запрела за да му направи рутинска проверка и алкотест, додека не криел дека испил две чаши вино.

„Полицијата си ја заврши работата, тестот покажа 0,27 промили и тој мораше да напише записник“, вели Топалко.

Слични објави

Лепа Брена за најтешкиот период во животот: „Се плашев дека нема да ги изведам децата на пат“

Е.А.

Каде да прошетате викендов? Три предлози за еднодневен излет во близина на Скопје

К.С.

Дарко Лазиќ си стави ботокс, а неговата сопруга го снимаше процесот

Е.А.

„Кога те нема“, првата песна што победи на „Макфест“ – Хелена Благне и денес со љубов се сеќава на македонската публика

Т.Ц.

Петок е, време е за дружење — три брзи закуски што ќе исчезнат од масата за миг

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.
Се вчитува....