11.8 C
Скопје
15:12 - 30 март, 2026

Тончи Хуљиќ става крај на групата „Магазин“: Можеби не треба да ја валкаме иднината со нови песни

Тончи Хуљиќ призна дека размислува за згаснување на една од најдолговечните групи во регионот, групата „Магазин“, по заминувањето на Андреа Шушњара.

Актуелната пејачка на групата, Андреа Шушњара, неодамна објави дека планира да ја напушти групата штом ќе најде соодветна замена и да започне самостојна кариера.

Тончи сега откри кои се неговите планови со „Магазин“ по заминувањето на Андреа.

„Што се однесува до „Магазин“, неговата иднина и онака е во мои раце, но прашањето е дали по толку големо минато, воопшто му треба иднина? Не знам, ќе видиме, имам некои идеи во главата што ги вртам, на крајот на краиштата, таа сè уште не заминала. Мислам дека има доволно наследство од песни, кои можам да ги искористам до крајот на мојот живот, вклучувајќи ја и Андреа, која ми е многу драга“, изјавил Тончи.

„’Магазин’ никогаш не може да се згасне бидејќи живее во главите и срцата на генерации и генерации. Сепак, доаѓаат нови генерации, прашање е дали ќе го откријат стариот „Магазин“ или не. На пример, дали знаете нова песна од албумот на „Ролинг Стоунс“? Веројатно не знаете. Дали ќе одите на нивниот концерт поради песните кои ве потсетуваат на некои среќни и безгрижни времиња? Веројатно да. Можеби не треба да ја валкаме иднината со нови песни, кој знае. Сѐ е можно, но сега сум фокусиран на себе, толку можам да ви кажам“, заклучил Тончи.

Прва пејачка на групата „Магазин“ беше Мајда Шолетиќ, па Марија Кузмиќ, па Љиљана Николовска, Данијела Мартиновиќ, а потоа дојде Јелена Розга, по неа Ивана Ковач и до неодамна пејачка на популарната група беше Андреа Шушњар.

Слични објави

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо
Се вчитува....