15:56 - 31 јули, 2026

Тереза ​​Кесовија отворено за Евровизија: „Евросонг е бесмислен, голема галама и ништо повеќе“

Тереза Кесовија

Хрватската музичка дива Тереза ​​Кесовија откри што мисли за полуфиналниот настап на хрватските претставници „Лет 3“ на изборот за песна на Евровизија.

-Тие ми се пријатели, многу ги сакам. Ако некој сакаше да бидат најдобри, тоа бев јас, од самиот почеток“, изјави таа за Дубровачки дневник.

– Беа под некој чуден стрес на Евровизија. Не ми беа толку добри како на Дора. Но, мило ми е и среќна сум што се пласираа во финалето. Претпоставувам дека ќе сменат нешто. Додуша, не им се јавив, но би морале да бидат малку поживи и поуверливи, нешто ми фалеше. Можно е да имале трема, не е тоа само така, рече Кесовија и додаде дека не верува дека „Лет 3“ имаат шанса да победат.

– Би сакала за нив, но не и за песната која нема никаква уметничка вредност. Тие ми се мене симпатични и автоматски поради тие симпатии им давам повеќе гласови од другите. Рака на срце, се сомневам дека ќе бидат први.

Кесовија откри и што мисли за Евровизија.

– Целиот Евросонг е бесмислен, според мене. Залудно се фрлаат пари за оваа глупост, немаше ниту една песна што може да биде прифатлива, а камоли хит. Целата таа приредба е разочарувачка. Огромна галама и ништо повеќе. Ни тоа лајтшоу не беше нешто, постојано се повторуваше, само неколку кругови, точки… Не ме фасцинираше ама баш ништо, заклучи таа.

Слични објави

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.

„Јас синоќа една прецртав“: Марија Шерифовиќ си исполни голема желба, па откри која е

Еспресо

Обожавателка го гаѓала Слоба Радановиќ со чизма откако одбил да ја бакне

Еспресо

Каков живот води денес Иван Босиљчиќ? Еве што велат во неговиот роден крај

Е.А.

Една одлука може да ти го промени животот – дали си подготвена за следниот чекор?

Еспресо
Се вчитува....