15:03 - 2 април, 2026

Теодора Џехверовиќ искрена: „Ме пали кога машкото знае да заплаче“

Провокативната пејачка Теодора Џехверовиќ често е мета на критики во јавноста поради своите изјави или постапки, а со својата најнова изјава, за мажите, секако повторно го привлече вниманието.

Имено, неодамна се шпекулираше дека по раскинувањето со Челебиќ, таа стапила во врска со кошаркар, но сепак вели дека „не сака повеќе да зборува за момци“.

Како што признава и самата, еднаш веќе била изгорена и сега смета дека е најпаметно да молчи за нејзината врска, бидејќи порано жени се мешале во неа.

„Луѓето си дадоа за право да се мешаат во мојата врска, да не зборувам за девојки. Многу жени се водат од идејата „добро е, штом е зафатено, ајде да биде малку и мое ако може“, изјавила при едно интервју и додала:

„Припаѓам на оној тип на жени на кои романтиката е многу важна, важно ми е мажот да ми е романтичен. Ако не знае да плаче, тоа ме исклучува. Таква сум и тоа ме пали“,  рекла Теодора.

Таа откри и дека нејзините момчиња се „нормални“ и дека никогаш не разбрала зошто ја гледаат како девојка која се грижи за материјалните работи, со оглед на тоа дека таа претежно имала мажи кои водат нормален живот.

Слични објави

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо
Се вчитува....