5.8 C
Скопје
02:12 - 1 април, 2026

Тензијата меѓу Викторија Бекам и нејзината снаа продолжува: Дизајнерката со еден потег јасно стави до знаење дека Никола Пелц за неа веќе не постои

Во изминатите неколку дена често се пишуваше за тоа дека Никола Пелц и Викторија Бекам се скарани уште од свадбата која се одржа пролетта.

Борбата меѓу снаата и свекрвата почнала уште додека венчаницата требало да се шие, а Викторија наводно ја оставила Никола на цедило и во последен момент се предомислила дека венчаницата нема да се шие во нејзиното дизајнерско студио.

Викторија наводно го украла целото внимание на венчавката кога Марк Ентони говорот повеќе ѝ го посветил на неа отколку на младенците за кои пеел, а Викторија наводно ги вмешала прстите во изборот на музиката за првиот танц, која во последен момент била сменета.

Сега Викторија Бекам гордо сподели фотографија од својот син Бруклин Бекам од снимањето за новото интервју во магазинот „Вог“, но „заборави“ на својата снаа Никола Пелц.

-Изгледаш предобро – напиша таа поктрај фотографијата од младиот Бекам на која седи во тревата.

Меѓутоа, Бруклин не се фотографирал сам, а има и фотографии за Вог со неговата сопруга Никола Пелц. Гордата мајка „заборавила“ да ги коментира и лајкне токму фотографиите со кои Бруклин и Никола се пофалија на своите инстаграм-профили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Викторија исто така ја сподели и насловната на која Бруклин позира сам.

– Толку горда, напиша Викторија, но повторно не ја спомна Никола.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....