11.8 C
Скопје
14:31 - 30 март, 2026

Теа Таировиќ го откри својот најголем страв: Секоја недела е во истата агонија

Популарната српска пејачка Теа Таировиќ секогаш сака да се претставува во јавноста како храбра жена, но како и сите и таа има свои стравови.

Поради еден од нив, таа дури и предизвикала хаос кога се враќала од настап во Германија. Имено, пејачката откри дека нејзиниот најголем страв е летањето, иако неколку пати неделно патува со авион.

„Жива вистина, верувале или не, но колку што летам, си направив шема – кога седам на десната страна, тоа е добар лет, а лево е главно турбулентен. Имам и апликација која го покажува времето и каков ќе биде летот, како и потенцијалните турбуленции“, објасни Теа.

Како што понатаму истакнува, во една прилика импулсивно излегла од авионот непосредно пред полетувањето.

„Се случи пред еден лет во Штутгарт, кога видов дека силно дува и реков дека нешто ќе се случи. Штом видов дека доцни полетувањето, реков дека нема да полета. Влегувам во апликацијата, таму се е црвено. Кога влеговме во авионот, само ме отсече и јас станав и реков дека нема да одам. Пријателите се обидоа да ме смират, немаше начин, ми велаа да останам, но јас си отидов. Во авионот имаше и Русин кој кога ме виде, стана и излеговме заедно. По 45 минути ми се јавува колега и ми вели дека авионот нема да полета“,  изјави во една прилика пејачката за медиумите.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....