22:02 - 27 декември, 2025

СВЕТОТ ПО КОВИД: Како се променивме, што научивме од ковид-пандемијата, и какви ќе бидеме по неа! Следниот предизвик на човештвото нема да биде за идната пандемија, туку за опстанокот на човечкиот вид на Земјата!

коронавирус

Од важноста на менталното здравје, до зголемување на нееднаквостите и до демографска криза: вака се променивме и што научивме по речиси две години пандемија.

Речиси две години по почетокот на ковид – пандемијата, една статија на Светскиот економски форум ги разгледува најновите податоци и прави преглед на она што нè научи здравствената криза и како се променивме.

МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ Е ВАЖНО подеднакво како и физичкото здравје.

Пандемијата нè направи поанксиозни, депресивни, под стрес, а психолошките последици беа сериозни особено кај младите луѓе, инаку, најмалку погодени (физички) од вирусот.

(РЕЧИСИ) СE КУПУВАМЕ ОНЛАЈН

Светот помина различни фази на шопинг за време на пандемијата – од правење залихи на тоалетна хартија, квасец и конзерви, до справување со претерана инфлација (и олеснети џебови). Но, ако е вистина дека за време на криза, навиките на потрошувачите се менуваат неколку пати, постои една што остана: навиката за купување преку Интернет.

НЕЕДНАКВОСТИТЕ СЕ НАГЛАСИЈА 

Пандемијата ги влоши разликите меѓу луѓето, од секаков вид. Меѓу постарите лица, повеќе подложни на здравствени проблеми предизвикани од вирусот, и меѓу помладите, меѓу жените – кои мораа(т) да се грижат за своите деца (на штета на работата) и мажите; но и меѓу белците и црнците и, во последните месеци со вакцинацијата, меѓу богатите и сиромашните земји.

РАЃАМЕ ПОМАЛКУ ДЕЦА

Спротивно на очекуваното, пандемијата која наложи домашни изолации, не ги фаворизираше раѓањата на деца. На пример, стапката на наталитет во Кина, падна на историски најниско ниво. Со вакво темпо, растот на светската популација би можел да запре пред 2050 година.

СЕ ИЗОЛИРАМЕ

Пандемијата ни ја одзеде слободата да се движиме без грижи, патувањата станаа комплицирани и често се откажуваат. Станавме повеќе „затворени“ во своите земји, и многу повеќе затворени дома – и тоа не само кога се во прашање празниците, туку и кога е во прашање дружењето со пријателите или одењето во ресторани – накратко, социјалниот живот значиелно опадна. Дали е во тек процес на деглобализација?

НЕ ИМ ВЕРУВАМЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ

Според повеќе нови истражувања од различни страни на светот, луѓето изразиле најголема доверба во лекарите како најсигурни професионалци, а научниците – кои пред пандемијата го имаат водечкото прво место – сега се на одличното второ место. Политичарите пак, сега се наоѓаат на дното на рангирањето.

НЕ ПРАВИМЕ ДОВОЛНО ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКАТА КРИЗА

Прво се надевавме дека намалувањето на емисиите на CO2 е случајна и неочекувана позитивна последица на здравствената криза; но набргу потоа, сепак, стана јасно дека годините на загадување не можат да се надминат со неколку месеци домашна изолација, а Самитот COP26 одржан минатиот ноември во Глазгов, испрати прилично трагична слика за климатската иднина на нашата планета. Ако не побрзаме да дејствуваме, следниот предизвик на човештвото нема да биде за идната пандемија, туку за опстанокот на човечкиот вид на Земјата.

Слични објави

(Фото) Нина Бадриќ прикована за кревет: „Се лекувам…“

Еспресо

„Татко ми не ми даваше до знаење дека имам хендикеп, толку многу ми веруваше што ми купи мотор“: Дејан Матиќ отворено зборува за детството и за семејството

Еспресо

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Еспресо

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Еспресо

Диди Џеј купува куќа на Флорида: Пејачката планира да потроши милиони, соседи ќе ѝ бидат светски ѕвезди

Еспресо

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо
Се вчитува....