Враќањето на принцезата Шарлен во Монако се очекуваше цела година. Сега принцезата конечно се врати, како што објави Палата Грималди во саботата на 12 март. Но, за околу нејзиното закрепнување, како што истакнува Клосер, „лебди густа мистерија“. Француското списание пишува дека постојат најмалку две „добро чувани тајни“ кои се однесуваат на враќањето на принцезата. Најпрво, соопштението за печатот од Палата Грималди не открива ништо посебно за тоа каква е нејзината сегашна здравствена состојба. Беше објаснето само дека „принцезата ќе продолжи со закрепнувањето во Кнежеството, покрај сопругот и децата“, но не прецизира дали навистина се наоѓа во Палата Грималди или закрепнува на друго место, можеби во Рок Агел, летната резиденција што таа многу ја сака.
Кралското семејство, продолжува „Closer“, е „исто така многу внимателно за тоа како го чува во тајност физичкиот изглед на Шарлен“. Тоа го докажува и фактот што нема ниедна фотографија која го сведочи нејзиното враќање во Кнежевството. Поранешната пливачка прво се лекуваше во Јужна Африка од респираторна инфекција, која ја принуди на различни операции, а потоа се опоравуваше во швајцарска клиника. На многу краток период се појави во Монако минатиот ноември. А по тој повод Инстаграм профилот на кралската палата од Монако имаше објавено три фотографии. На една фотографија, поранешната јужноафриканска пливачка го прегрна својот сопруг – принцот Алберт, и нивните близнаци – Жак и Габриела (7) во дворот на Палатата Грималди, во Монте Карло.
View this post on Instagram
Последните слики на Шарлен (со маска) датираат од тоа време. Оттогаш нема фотографија. На јавноста тоа ѝ стана толку сомнително што во последните месеци се ширеше гласина дека принцезата повеќе не се појавува затоа што била изобличена од естетската хирургија.
Фактот дека нејзиното враќање во Монако не беше придружено со никакви фотографии само ја продлабочува мистеријата. И така, се повеќе се „хранат“ претпоставките. Особено што вчера принцот Алберт наполни 64 години. Кој е подобар повод за да се сподели нов семеен портрет (конечно повторно обединети)? Наместо тоа, ништо – немаше фотографија.
Во официјалното соопштение со кое се најавува враќањето на принцезата во Монако, пишува дека „следните неколку недели ќе ѝ овозможат дополнително да ја опорави здравствена состојба, пред постепено да ги продолжи своите официјални обврски“. Накратко, за да ја видиме Шарлен „во живо“ ќе треба да почекаме уште малку или малку повеќе.
Француските списанија веќе шпекулираат дека сопругата на Алберт би требала да го направи своето прво појавување во јавноста викендот на 28 или 29 мај, кога ќе се одржи трката за Големата награда на Ф1 во Монте Карло – настан кој многу го сака Шарлен, и која обично е секогаш присутна во ложата. Ако и тогаш не се појави во јавност, ситуацијата е загрижувачка, па се претпоставува дека би можела да го направи тоа дури на 5 јуни, датум на кој ќе се одржи регатата во Монте Карло – настан на кој исто така секогаш присуствувала. Приходите од регатата ќе бидат искористени за финансирање на проектите на Фондацијата Шарлен од Монако, затоа присуството на принцезата би биде многу важно.
Но ова се само нагаѓања, се разбира. Во моментов само едно е сигурно: Шарлен се врати во Монако, но сепак, нејзиното враќање е обвиткано со мистерија.