6.8 C
Скопје
17:26 - 22 февруари, 2025

(Видео) Страшна несреќа во северна Грција, два воза се судриле, загинати 32 лица: Човечки тела и повредени луѓе имало насекаде околу шините

Патнички воз со неколку стотици луѓе синоќа нешто пред полноќ се судри со товарен воз во близина на Темпи кај Лариса, јавуваат грчките медиуми. Според последните податоци, во оваа катастрофална несреќа загинале 32 лица, а најмалку 85 се повредени.

Судирот предизвикал уништување на неколку вагони со патници, а на местото на настанот спасувачите нашле шокантни сцени: човечки тела и повредени луѓе имало насекаде околу пругата,  а други биле во остатоците од вагоните.

По судирот избувнал пожар

Како што пишува грчки Катимерини, несреќата се случила нешто пред полноќ во близина на градот Темпи, а спасувачите засега потврдиле дека има 32 жртви и 85 повредени патници. Сепак, се уште ги пребаруваат вагоните, па се стравува дека бројот на загинати и повредени ќе биде уште поголем.

Од 85 повредени патници, дури 25 се во многу тешка состојба.

По ударот, кој бил страшен, се запалиле вагоните на двата воза.

Според пожарникарите кои брзо пристигнале на местото на настанот, пожарот во најголем дел е изгаснат, а акцијата за спасување е во тек. Лекарските екипи чекаат пожарникарите да го ослободат пристапот до вагоните и потоа да ги евакуираат повредените.

Се уште не се разјаснети околностите под кои се се случило. Патничкиот воз бил на релација Атина-Солун.

Извлекувањето на повредените и акцијата за спасување траеше цела ноќ, а во неа учествуваа повеќе од 150 пожарникари и дури 40 возила на брза помош. На терен се и 32 полицајци со 15 патролни возила, како и возила со кранови, кои се користат за подигање на остатоците од возовите.

Според шефот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, патниците кои се во стабилна состојба со автобуси се превезуваат до Солун.

– Вагонот 1 и 2 не постојат. Од силината на ударот тие се исфрлени од шините – изјави Костас Агорастос, регионален гувернер на Тесалија.

„Имаше силен тресок“

Началникот на смена на станицата Лариса, во чија смена се случила несреќата, е приведен на распит во полициската станица во Лариса.

Патниците кои без повреди беа евакуирани од возот на смртта за грчките медиуми зборуваа за моментот на несреќата.

– Се слушна силен тресок… Возот беше полн… Знам дека возот доцнеше, а потоа се слушна тресок – рекол еден од патниците.

Министерот за цивилна заштита, Христос Стилијанидис, од првиот момент на несреќата е во Центарот за кризни состојби со други претставници на грчката Влада. Беше активирана Првата армија на грчката армија, како и воените болници во Атина и Солун.

Слични објави

Продала носени гаќички за 10.000 долари: Тамара Бојаниќ откри какви барања добива на платформата за возрасни

Еспресо

Драгана Мирковиќ во друштво на еден од најмоќните луѓе: Дали луксузниот одмор во Дубаи крие и нов бизнис?

Еспресо

(Видео) Поранешната на Харис Џиновиќ „уловена“ во Монако: Мелина излегла од луксузен хотел, па ја пречекале со бесен автомобил бентли

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ приклучен на инфузија: Сопругата Исидора објави фотографија, цело време е покрај него

Еспресо

Хороскоп за 22 февруари: Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Еспресо

Славење во домот на Анабела „Фанки џи“: Луна Ѓогани му се обрати на својот очув со емотивни зборови

Еспресо
Се вчитува....